Работи што ги прават луѓето кои ја проектираат својата несигурност на другите
Го пренасочуваат гневот од една кон друга личност
На несигурните луѓе им е тешко да се справат со негативните емоции и обично не ги решаваат проблемите што ги измачуваат.
А, со текот на времето, гневот што го чувствувале кон една личност, можат да го насочат кон друга.
Ако, на пример, во детството мразеле што родителите оделе на работа или често ги оставале сами, подоцна во животот ќе му бидат гневни на партнерот ако го прави истото.
Како да познаете дали вие спаѓате во оваа категорија луѓе?
Во повеќето случаи, луѓето со ниска самодоверба несвесно ги прават работите што ги спомнавме погоре.
Ако мислите дека имате ниска самодоверба, веројатно ве интересира и дали ја проектирате на другите.
Па, добро размислете дали се пронаоѓате во некоја од горенаведените точки.
Како да си ја вратите самодовербата?
Ако сфатите дека сепак сте личност со ниска самодоверба која ја проектира својата несигурност, можете да го промените тоа.
Најпрво, важно е да бидете свесни за вашите постапки.
Потоа размислете што е она што влијае врз вашата самодоверба.
Дали можеби има некој трауматичен настан од минатото или се дружите со личност која ве омаловажува?
Ако не можете сами да ја воочите причината, секогаш можете да се консултирате и со експерт.
Како да се справите со несигурна личност?
Ако ги забележувате овие карактеристики кај некоја блиска личност, важно е да знаете како да се справите со неа.
Најпрво, бидете свесни дека повеќето лоши постапки можеби ги прави несвесно.
Ако настане конфликт, немојте да се расправате и разговарајте кога соговорникот ќе се смири.
Притоа, не пробувајте да ја промените личноста. Во ред е да разговарате со неа и да ѝ укажете на некои работи, но не очекувајте дека ќе можете да промените некого ако тој самиот не сака.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





