Кажи нешто убаво!
Improv Everywhere дружината од Њујорк постојано смислува нови начини да ги расположи среќниците што случајно ќе упаднат во нивните приказни.
Група од 20 расположени луѓе подготви банери, букети цвеќе и балони за да им приреди срдечен пречек на непознати патници кои тој ден пристигнуваат во Америка.
Имињата се позајмени од возачите најмени да ги чекаат патниците кои не можеле ни да претпостават какво топло добредојде ќе им го разубави денот.
Мисијата „Кажи нешто убаво“ им остави простор на случајните минувачи сами да ги расположат останатите.
Многумина пултот со мегафон поставен на неколку места во Њујорк го искористија за изразување љубов, честитање роденден, распеани поздрави и едноставно посакување убав ден...
Ваков мегафон за гласно пренесување убави мисли добро би дошол во секој град на светот, а додека не добиеме нешто слично кај нас очекуваме да кажете нешто убаво во коментарите подолу :)
З.П. | Црнобело