Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности

Свирепото убиство на Боб Крејн

Боб Крејн бил вистинска ѕвезда во 1960-тите и 1970-ите, но до денес никој не знае кој го убил.

Боб бил познат актер, тапанар и диџеј. Кон крајот на животот не добивал многу улоги, но сепак уживал во популарноста.

А, најчуден детаљ што бил познат за неговиот живот е фактот дека сакал да се снима и фотогафира за време на секс.

Во друштво на Џон Хенри Карпентер, локален продавач во продавница за технологија, Боб одел по барови за да заведува жени.

Ова му одело лесно поради популарноста, а пријател му Џон бил задолжен за снимање и фотографирање.

ubistva-ischeznuvanja-mornichavi-neresheni-misterii-povrzani-so-slavni-lichnosti-06.jpg

Кога се дознало за чудното хоби на актерот, тој бил осуден од јавноста бидејќи дел од жените што спиеле со него изјавиле дека не знаеле дека тој ги снима.

Во јуни 1978 година, во домот на актерот влегла колешка, откако тој не се појавил на ручекот што го планирале заедно. И, овде го нашла неговото тело.

Боб бил убиен со удари по главата, но не е познато со кој предмет. Се претпоставува дека е статив за камера, а околу неговиот врат имало и кабел.

Имало неколку осомничени за убиството на актерот, вклучувајќи го и неговиот пријател Џон, но немало доволно докази за да се обвини кој било.

Па, убиецот до денес останува непознат.

ubistva-ischeznuvanja-mornichavi-neresheni-misterii-povrzani-so-slavni-lichnosti-07.jpg

Мистериозната смрт на Елизабет Шорт

Ова е можеби најпознатата, но и најгрозоморната мистерија во историјата на Холивуд.

Самата Елизабет Шорт не била позната личност, барем додека била жива. Но, живеела во Холивуд и сонувала да стане актерка.

На 15-ти јануари 1942 година, телото на тогаш 22-годишната Елизабет било најдено на паркинг во Лос Анџелес.

ubistva-ischeznuvanja-mornichavi-neresheni-misterii-povrzani-so-slavni-lichnosti-08.jpg

Елизабет била гола, а телото ѝ било пресечено на два дела. Истовремено, во телото немало воопшто крв.

Аутопсијата покажала дека била убиена кратко пред да биде најдена.

Пред да ѝ се открие идентитетот, Елизабет била нарекувана „Црната далија“ – прекар најверојатно инспириран од тогаш популарниот крими-филм The Blue Dahlia (сината далија).

Наводно, на зглобовите на девојката имало рани кои укажувале дека била врзана, а на местото на злосторството бил најден само отпечаток од чизма.

Полицијата испрашала дури 150 осомничени, но не уапсила никој.

Според историчарите, ова е едно од првите убиства во модерна Америка што го привлекло вниманието на целата јавност, а денес се води како еден од најстарите нерешени случаи во Лос Анџелес.

ubistva-ischeznuvanja-mornichavi-neresheni-misterii-povrzani-so-slavni-lichnosti-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg