8 фрази што ги кажуваме со најдобра намера, но се всушност навредливи
„Многу ми е жал за загубата – како почина?“
Кога некој ќе ви соопшти дека изгубил сакана личност, никако немојте да прашувате за причината за смртта.
Доволно е да искажете сочувство и да прашате дали на личноста ѝ треба помош.
Ако личноста сака, самата ќе ви ја каже причината за смртта.
„Жал ми е што раскинавте. Сигурно си многу тажен/а…“
Раскинувањата не се воопшто лесни и личноста која раскинала сигурно не сака да слуша коментари дека е многу тажна.
И во овој случај, покажете сочувство и само прашајте дали можете да помогнете.
„Многу си убав/а и паметен/а. Како си уште сингл?“
Ова е комплимент кој крие критика.
Не знаете зошто некој е сингл – можеби неодамна раскинал сериозна врска и уште закрепнува. Или, можеби не сака да биде во врска и е потполно среќен и сингл.
Воопшто не треба да се мешате во туѓиот љубовен живот и ако некој сака, самиот ќе сподели детали за тоа.
„Кога ќе имате деца?“
За многумина, по свадбата следуваат деца. Но, не сите парови размислуваат вака.
Некои не се чувствуваат подготвено, некои воопшто не сакаат да имаат деца, а некои не можат.
Па, станува јасно зошто ова прашање може да биде навредливо.
Спирова С. | Црнобело