Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат
Кога зборувате, тие не прават изрази на лицето
Друг начин да забележите дали некој тивко ве осудува, е да ги гледате изразите на нивните лица. Понекогаш, некоја личност која потајно ве осудува за она што штотуку сте го кажале, може да не покаже каков било израз на лицето.
Едноставно, би слушала постојано, останувајќи тивка, без насмевка, климање со главата и слично.
Секако, не треба да се сфати дека ова секогаш е знак на осудување.
Можеби некој само внимателно ја слуша вашата приказна или се чувствува доволно удобно пред вас за да го опушти своето лице.
Ќе прават мали изрази на лицето
Некои луѓе умеат добро да го скријат покажувањето на емоциите на нивното лице, но некои мали ситници сепак ги издаваат.
На пример, тоа може да биде мало подигнување на веѓите, проширување на очите, свиткување на усните.
Што и да е, можеби ќе се потрудат да скријат дека ве осудуваат, но некои мали изрази на лицето не можат секогаш добро да се контролираат.
Ќе ве гледаат горе-долу
Во ред, можеби ова е сосема очигледно, а можеби и не!
Луѓето ве гледаат горе-долу за да се чувствувате „мали“.
Кога не ги гледате, тие ќе ве изгледаат од долу до горе за да видат каков е вашиот изглед и најчесто осудуваат за вашите чевли, фармерки, јакна.
Ќе се загледаат во една работа на вас
Некои можеби нема да ве гледаат горе-долу, туку ќе се загледаат во една работа на вас. На пример, можеби тој ден не сте си ги исчистиле добро вашите чевли, па ќе им кажете на вашите колеги дека не сте го сториле тоа.
Потоа, тие би можеле да зјапаат во вашите нозе многу подолго отколку што треба.
Или, пак, можеби додека зборувате тие ќе продолжат да гледаат во нив. Најчесто ваквото однесување е намерно. Тие сакаат да знаете дека не ги одобруваат вашиот избор на чевли, но, секако, не сакаат тоа да изгледа премногу очигледно.
Ќе изнесат некои случајни работи за вас
Кога некој потајно ве осудува, може да изнесе одредени факти за вас кои ќе направат да се чувствувате несигурни или барем засрамено.
Понекогаш ова ќе го направат кога сте во друштво, понекогаш кога ќе бидете сами.
Во секој случај, целта е иста. Тоа е тивка осуда за нешто што сте направиле.
Па, за крај можеме да заклучиме дека нормално е сите понекогаш да бидеме малку осудувачки настроени, а мора да признаеме дека секој од нас во даден момент го има направено тоа за различни луѓе кои сме ги сретнале во нашиот живот.
Но, само затоа што осудувате некого тоа не ве прави лоша личност, туку ако сакате да учите од постапките и да бидете подобри во иднина, размислете за вашето однесување и почнете да правите промени.
Не дозволувајте да ви се задржи негативната енергија во вас која нема да ви донесе ништо добро.
М. Ѓ | Црнобело / фото: pixabay.com