Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот
Луѓе кои се чувствуваат супериорно
Ова се луѓе кои никогаш не ги земаат предвид туѓите чувства и се уверени дека се најдобри.
Честопати се фалат, но на тој начин што ги омаловажуваат сите околу нив.
Арогантни се и се чини дека целта им е само да им ја уништат самодовербата на другите.
Луѓе кои зборуваат само за себе
Нормално е дека понекогаш сите сакаме да зборуваме за себе.
Сепак, оваа одлика е токсична кај некои луѓе – тие постојано зборуваат за себе и се однесуваат како да не постојат и други луѓе.
Никогаш не им даваат можност на соговорниците да кажат нешто и фокусот на секој разговор треба да бидат тие самите.
А, може да биде навистина заморно да разговарате со ваква личност.
Луѓе кои лажат
Сигурно не постои личност која не кажала ниту една лага во животот. Но, за сè треба да има граница.
Токсичните лажговци кажуваат лаги без некоја причина и ги преувеличуваат работите.
Неретко можат и да им наштетат на другите, вклучувајќи ги и саканите, со своите лаги.
Со овие личности, никогаш нема да знаете на што сте.
Луѓе кои мислат дека се несфатени генијалци
Ова се луѓе со преголема самодоверба, луѓе кои мислат дека знаат сè и дека се најдобри, па за своите неуспеси ги обвинуваат сите, освен себеси.
Не ги воочуваат своите грешки и мислат дека немале среќа, другите сакале да им наштетат или нешто слично.
Притоа, никако не прифаќаат критика и мислење од другите.
Спирова С. | Црнобело