Чанти, патики, џојстик – Како да препознаете евтини копии од оригинали?
Маици Lacoste
Кај овој бренд треба да погледнете добро во логото. Крокодилот на оригиналните Lacoste производи е во темнозелена боја со детално изработени канџи и заби, а горниот дел од устата на крокодилот е малку помал од долниот.
Џојстик за Play Station
Обрнете внимание како е напишано логото на компанијата. Вообичаено кај оригиналниот џојстик натписот има светкава сребрена боја и буквите се распоредени рамномерно.
Исто така, обрнете внимание и на гумените облоги, кои треба да бидат по малку рапави, а не мазни.
За крај погледнете го целосно квалитетот на џојстикот.
Nike Air Max 270
Копиите на овие патики вообичаено се многу полесни од оригиналните и имате чувство дека во раце држите лист хартија, а не патики.
Обрнете внимание и на логото на јазикот. Кај оригиналите логото е црно, па ако забележите дека е бело или во друга боја, тогаш станува збор за копија.
Исто така, погледнете ја влошката во внатрешноста. Таа треба да биде во сина боја и да биде изработена од мек пенест материјал. Aко ви наликува дека е изработена од картон, тогаш станува збор за копија.
Gucci влечки
Оригиналните влечки се изработени од вистинска кожа и крзно, па тоа треба да ви биде прв показател дека станува збор за квалитетен продукт.
Погледнете на дното на ѓонот. Натписот треба да биде со еднакви букви, и истите да бидат совршено позиционирани.
Б. С. Б. | Црнобело