Чанти, патики, џојстик – Како да препознаете евтини копии од оригинали?
Како да препознаете оригинал патики од копии? На што треба да внимавате кога купувате џојстик за Play Station?
Како да препознаете дали производите што ги купувате се оригинал или евтина копија? Треба внимателно да гледате во деталите, за да воочите дали производот што сте го нашле по екстремно ниска цена е само копија и не е произведен од оригиналниот бренд.
На кои детали треба да бидете особено внимателни кога купувате за да не завршите со евтини копии, наместо со посакуваниот оригинален производ?
Патики AJ1 x Travis Scott „Reverse Mocha“
За да бидете сигурни дека патиките што ги купувате се оригинал, обрнете внимание на натписот на јазикот и на логото.
Логото треба да биде совршено позиционирано на средината, буквите да бидат со еднаква големина и, секако, обрнете внимание дали знакот „Најк“ има правилна и совршено позиционирана форма.
Чанта Louis Vuitton
Со оглед на тоа што станува збор за чанти што мошне често се копираат, треба особено да бидете внимателни кога ги купувате. Обрнете внимание на квалитетот на материјалите, затоа што оригиналните чанти секогаш се изработени од кожа, додека копиите се изработени од синтетика.
Обрнете внимание и на ремчето. Копиите имаат ремчиња обоени во златна боја, додека кај оригиналите секогаш се изработени од месинг и на нив го има логото на производителот.
Chanel чанта
Уште еден производ во кој лесно може да се воочи разликата меѓу оригиналот и копиите. Обрнете внимание дали рабовите се рамномерни.
Од каков материјал е изработена чантата и, секако, на квалитетот на металните детали.