Трикови за да откриете дали накитот што го купувате е вистински или копија?
Оцет
Лажното злато веднаш потемнува ако го ставите во оцет.
Дијаманти
За да откриете дали дијамантот е вистински, потребно е само да дувнете во него. Вистинските дијаманти нема да се замаглат затоа што се отпорни на топлотните промени. Но, тоа не е случај со лажните дијаманти.
Смарагди
На допир, вистинскиот смарагд можете да го препознаете по температурата. Со оглед на тоа што не привлекува топлина, тој речиси секогаш е ладен на допир, а ако погледнете со лупа, внатре нема да забележите правилна или спирална структура.
Вистински бисери
Вистинските бисери се скапи, а ако ги ставите на врвот од забот ќе забележите дека имаат нерамна и рапава површина, додека лажните бисери се совршено мазни.
Килибар
Земете половина чаша вода во која ќе ставите околу 3 големи лажици сол и промешајте ја водата.
Накитот изработен од вистински килибар останува да плови на површината затоа што е полесен од солената вода, додека лажниот накит потонува на дното.
Б. С. Б. | Црнобело