Хероите од нашето детство: Кои македонски актери ги глумеа принцовите, вредните и храбри момчиња во приказните?
Принцови и храбри момчиња кои успеваат да го надмудрат и победат најсилниот, а со својата убавина да освојат цареви ќерки и самовили. Од Игор Маџиров до Васил Шишков, дел од македонските актери кои секогаш ги добиваа овие улоги во најпопуларните серии за деца...
Генерацијата на 90-тите имаше голема среќа да расте со емисии, серии и филмови за деца од македонска продукција.
Македонски народни приказни, „Во светот на бајките“, „Чук, чук Стојанче“, „Бушава азбука“, „Дајте музика“, „Опстанок“, „Умни глави“, „Големи и мали“ се само дел од сериите кои беа ултра популарни меѓу децата, но и возрасните.
Приказните за мудрите кралеви, храбрите принцови и силни момчиња ги воодушевуваа девојчињата, а момчињата се угледуваа на нив.
Цела една генерација девојчиња порасна со идејата дека жената секогаш треба да избере храбар, мудар, вреден и снаодлив маж.
Улогите на принц или храбро и снаодливо момче секогаш им припаѓаа на тогаш помладите актери, кои во тој период беа на почетокот на својата кариера, а со овие улоги ја освоија публиката.
Еве дел од нив:
Васил Шишков
Македонското глумиште загуби маестрален актер со смртта на Васил Шишков.
Васил почина на 44-годишна возраст, а причината за неговата смрт беше срцев удар.
Последната улога ја толкуваше во претставата „Вечната куќа“ каде го глумеше својот татко
Шишков на македонската театарска сцена почнал да работи од 1991 година, а на самиот почеток на својата кариера беше дел и од Македонските народни приказни и „Во светот на бајките“.
Игор Маџиров
Момчето со кадравата портокалова коса, Игор Маџиров, македонската јавност го памети по многубројните улоги одиграни во Театарот за деца и младинци, по легендарната серија „Во светот на бајките“ и по неколкуте улоги во „Македонските народни приказни“.
Поради неговата специфична убавина секогаш добиваше улога на принц или мудро момче кое ќе се потруди да изнајде начин да го освои срцето на царевата ќерка.
Маџиров имаше само 30 години кога во сè уште нејасни околности си го одзеде животот скокајќи од балконот на неговиот стан, а единствен сведок на тој немил настан беше неговата тогашна девојка. Случајот никогаш не се расветли до крај.
Дејан Лилиќ
На почетокот на својата кариера актерот Дејан Лилиќ беше дел и од серијата „Во светот на бајките“.
Дејан беше и остана еден од најубавите македонски актери, кој иако ја гази петтата деценија од животот и понатаму плени со својот шарм и харизма.
Има остварено голем број главни и споредни улоги во претстави на матичниот театар, но и во проекти од други театарски институции и продукциски куќи.
Погледнете како изгледал во својата младост: