Каде по ѓаволите е Мет!?

kade-poglavolite-e-met-povekjeНе можеме ни да ги наброиме сите места на кои Мет има танцувано. Ова е приказната за човекот кој ја развесели цела планета и кој продолжува...


...да шири оптимизам насекаде низ светот. Го чекаме во Македонија!

Си бил еден млад успешен дизајнер на видео игри. Еден ден тој се разбудил и посакал да го шета светот. Си направил веб страна за неговите роднини и пријатели да можат во секое време да видат каде се наоѓа.

kade-poglavolite-e-met-1

Знаејќи го неговиот специфичен начин на танцување, еден пријател му предложил да го снима како игра. Танцот им се видел интересен на многу луѓе кои го погледале видеото. Еден ден Мет добил понуда од една компанија да сврти крукче низ светот и да се снима додека си игра на различни места. Е ова е понуда што не се одбива! За 6 месеци Мет прошетал 39 држави на 7 континенти!

Читајќи ги мејловите што му пристигнуваат од сите страни на светот, тој сфаќа дека е потребно да направи уште еден круг околу светот за да танцува во друштво. Токму тоа и го прави. Овој пат патува 14 месеци и танцува со мештаните од 42 земји.

Сепак, не постои нешто толку добро на што мрчаторите не можат да му најдат маана. По коментарите дека видеата се лажни и се работи за монтажи Мет одговора со откривање на сите користени трикови. А неговото „признавање“ завршува со заеднички танц со публиката :)

Оваа неверојатната приказна што наликува на современа бајка покажува дека штом се сака сѐ се може. И дека е навистина добро да се водите од она „танцувај како никој да не те гледа“, дури и кога те гледаат милиони на youtube.

kade-poglavolite-e-met-2Мет танцува под вода во ресторан во Дубаи

Свесен дека проблемите во светот нема да исчезнат, со својата авантура Мет сака да покаже дека нашата планета и не е толку страшна и небезбедна како што почнавме да мислиме.

Вели дека ужива да одговара на прашањето „Како успеа да влезеш во Северна Кореја!?“. Не само што било многу едноставно да ја посети, туку и одлично си поминал танцувајќи со локалното население.

kade-poglavolite-e-met-3

Мет сѐ уште е оптимист, сѐ уште патува, сѐ уште танцува и на сите ни порачува дека малку глупирање не е на одмет.


З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничави уметнички ремек-дела за кои сите би требало да знаат Сликата на Фрида Кало инспирирана од нејзиниот спонтан абортус, како и сликата н...
Родители споделуваат морничави работи што ги кажале и направиле нивните деца „Син ми месечареше на возраст од шест до осум години. Една вечер дојде во дневна...
Што значи ангелскиот број 1111 - Ви се појавува ли во животот? Дали и вие сте од оние луѓе кои бараат магија во секојдневието? Ако е така, тога...
Најбизарните работи што ги направиле познати инфлуенсери (за лајкови и гледаност) Инфлуенсерката Руби Френки се соочува со казна затвор до 30 години за малтретира...
10-те најсмртоносни временски непогоди од изминативе 20 години Топлотните бранови во Европа, но и бурата што лани зафати делови од Грција и Буг...
Тортите за првачиња се хит во Македонија (фото) Во Македонија со торти сè почесто се слави половина роденден на бебињата кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg