Зошто треба да бидете среќни?
Среќата не се купува со пари. За да бидете среќни треба да научите да го цените она што го имате и да сте задоволни со сопствениот живот. Ова се неколку проверени...
...и докажани идеи кои ќе ви помогнат да ја пронајдете среќата:
1. Бидете благодарни за работите кои обично ги земате здраво за готово:
- Живи сте и здрави;
- Имате вода, храна, облека, кров над главата, струја;
- Знаете да читате, пишувате, размислувате...
- Имате драги личности покрај себе: семејство, пријатели, роднини...
2. Направете некого среќен
- Поделете комплимент од срце;
- Покажете дека ги цените другите;
- Слушајте без да упаѓате во збор;
- Понудете помош;
- Јавете се на некој кој не сте го чуле долго време.
3. Размислувајте за убави работи
- Убави настани од минатото;
- Вашите постигнувања;
- Простете на оние кои ве повредиле;
- Визуелизирајте си убава иднина.
4. Направете нешто поинакво – изненадете се и себе си и другите
- Поминувајте повеќе време со семејството
- Исклучете го мобилниот телефон кога сте дома;
- Читајте, размислувајте, сонувајте...
- Купете цвеќе;
- Исклучете го телевизорот...