Американец нашол чудна и морничава пештера во близина на Област 51 – исчезнал кога отишол да ја види уште еднаш
На 10-ти ноември 2014-та, Кени третпат тргнал кон пештерата. На семејството му кажал дека оди на кратко планинарење и нема да преноќи дома.
Но, Кени не се вратил следниот ден, по што почнала потрага по него.
Во видеото што го спомнавме претходно, Кени стои пред влезот на напуштен рудник. Токму овде на 22-ри ноември бил пронајден неговиот телефон.
Но, ова било единственото нешто што било пронајдено.
Скоро една деценија по исчезнувањето, од Кени нема никаква трага.
А, поради областа во којашто исчезна, онлајн почнаа да се јавуваат безброј теории на заговор.
Некои се пореалистични и сметаат дека Кени или бил каснат од отровна змија, или се изгубил, па умрел од жед или се повредил и загинал.
Но, повеќето имаат луди теории за исчезнувањето на Кени.
Некои сметаат дека вибрирањето што го почувствувал пред влезот на пештерата е некакво владино оружје со кое се спречува влез во пештерата.
Според ова, пештерата можеби е влез до тајна владина зграда, па дури и базата Област 51.
Постојат и оние кои веруваат дека Кени видел нешто што не треба, па бил убиен од обезбедувањето во Област 51.
Постои и теорија дека Кени сведочел на некакво убиство во пустината, па и самиот бил убиен за да не каже ништо.
Но, досега нема потврдена теорија – ни од лудите, ни од оние кои звучат пореалистично.
На последното видео објавено од Кени, до денес има корисници кои пишуваат коментари. Повеќето изразуваат сочувство, а некои ги критикуваат и обвинуваат луѓето кои го натерале да оди во пештерата.
Последното видео објавено од Кени:
Спирова С. | Црнобело