10 грешки поради кои новата облека за кратко време ви изгледа износено и парталаво
Погрешно ја перете темната облека
За темните бои да не избледат, секогаш облеката превртувајте ја наопаку пред да ја ставите во машината, користете кратка програма, не ги ставајте на вриење и употребувајте течен прашок, наместо прашок во прав.
Облеката ви е потопена долго време во вода
Кога перете облека на рака, прво ја потопувате во вода со прашок или некое течно средство. Но, ако ја оставите да стои предолго во водата, почнува да ја менува формата и да ја губи бојата.
Долната облека (особено од тантела) не треба да стои во вода повеќе од 2-3 минути, волната и свилата не подолго од половина час.
Другите материјали, на пример памук, оставете ги најмногу 1 час во вода.
Ги чистите влакната од облеката со лепливи ленти
Наместо да користите ролери со лепливи ленти за да ја исчистите облеката, вратете се на „стариот“ метод и чистете ја со четка за облека.
Лепилото од лентите се задржува на облеката и ја уништува.
Ја сушите облеката на силно сонце
Кога е директно изложена на сонце, облеката почнува да избледува.
Затоа е препорачливо да ја сушите под сенка, или ако немате можност за тоа, барем да не ја изложувате директно на сонце кога е најжешко.
Не ги менувате облогите на високите потпетици
Откако ќе ги купите чевлите не ги менувате облогите на штиклите додека целосно не се „излижат“ или не паднат.
Но, ако ги менувате пред да се уништат целосно, чевлите ќе ви изгледаат како нови, без оглед колку долго и да ги имате.
А. Ј. | Црнобело