28 часа бил заглавен наопаку во тесна пештера, телото до денес му е внатре: Трагичната смрт на Американецот Џон Едвард Џонс

Тунелот е свртен надолу, а Џон тргнал прво со главата, па останал заглавен наопаку.

Никако не можел да се врати назад, па се обидел да се турне и да продолжи напред.

Го издишил целиот воздух со надеж дека ќе ги со намали обемот, но со наредното вдишување се заглавил уште повеќе.

28-chasa-bil-zaglaven-naopaku-vo-peshtera-teloto-do-denes-mu-e-vnatre-tragichnata-smrt-na-amerikanecot-dzhon-edvard-dzhons-10.jpgМаж во еден од тесните тунели во пештерата пред да биде затоврена

Кога брат му Џош го здогледал, пробал да го извлече за нозете, но безуспешно.

Џон сепак успеал малку да се придвижи напред, но со ова си ги заглавил рацете под градите и се нашол во уште полоша положба.

Брат му брзо излегол на површината да побара помош, додека Џон чекал цел час, 30 метри под земја.

28-chasa-bil-zaglaven-naopaku-vo-peshtera-teloto-do-denes-mu-e-vnatre-tragichnata-smrt-na-amerikanecot-dzhon-edvard-dzhons-05.jpgВолонтер пробува да стигне до Џон

Иако дошле искусни спасувачи, тесните премини во пештерата, фактот дека Џон бил свртен наопаку, како и тоа што бил под земја значително ги отежнале обидите да биде спасен.

Во наредните 24 часа, над 100 спасувачи смислувале планови и стратегии за безбедно да го извлечат Џон.

28-chasa-bil-zaglaven-naopaku-vo-peshtera-teloto-do-denes-mu-e-vnatre-tragichnata-smrt-na-amerikanecot-dzhon-edvard-dzhons-03.jpgСпасувачките екипи на влезот од пештерата додека пробуваат да го извлечат Џон

На крај, решиле да пробаат да го извлечат со јажиња и макари.

Го заврзале Џон со јажињата и почнале да го влечат со макарите. Но, едната макара се скршила поради лошиот агол под кој била поставена.

Спасувачите сфатиле дека овој план нема никако да успее и немале идеја што друго да прават.

28-chasa-bil-zaglaven-naopaku-vo-peshtera-teloto-do-denes-mu-e-vnatre-tragichnata-smrt-na-amerikanecot-dzhon-edvard-dzhons-08.jpgСпасувач пробува да допре во Џон - се гледа и лошиот агол под кој е поставена една од макарите

Во меѓувреме, телото на Џон трпело вистински напор. Бидејќи бил свртен со главата надолу, неговото срце требало да работи двапати повеќе за мозокот да не му се наполни со крв.

Кратко пред полноќ на 25-ти ноември, околу 28 часа откако се заглавил, Џон бил прогласен за мртов – неговото срце престанало да чука.

Една недела по трагичната смрт на Американецот, властите го затвориле влезот од пештерата.

Бидејќи никој не успеал да го извади телото на Џон, до денес пештерата е неговиот гроб.

28-chasa-bil-zaglaven-naopaku-vo-peshtera-teloto-do-denes-mu-e-vnatre-tragichnata-smrt-na-amerikanecot-dzhon-edvard-dzhons-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg