Како да откриете кога ве лажат?

kako-da-otkriete-koga-ve-lazat-povekjeСе сомневате дека партнерот ве изневерува? Мислите дека вашиот шеф намерно го пролонгира долго очекуваното унапредување? Убедени сте дека...


...пријателите поради некоја причина ве избегнуваат?

Вакви прашања нè мачат сите од време на време. Еве неколку совети кои можат да ви помогнат да откриете кога некој ве лаже.

Контакт со очите

Најголемиот мит за лажењето е дека луѓето кога лажат избегнуваат директно гледање во очи. Добрите лажговци, всушнот гледаат право во очи и поинтензивно од некој кој не лаже, затоа што знаат дека луѓето веруваат – оној што лаже не гледа право во очи.

Вознемиреност

kako-da-otkriete-koga-ve-lazat

Друг мит вели дека оној што лаже покажува непријатност, вознемиреност. Вистината е сосема спротивна. Кога некој мора да измисли лага, целото внимание го отстранува од телото и е насочено на мозокот. Резултат на тоа е необично смирен лажго, односно смирена личност и повеќе од што би требало да биде во дадената ситуација.

Гледање горе и на десно

Трет мит е дека оној што лаже го фиксира погледот на една точка. Тоа не го потврдило ниту едно истражување. Се смета дека кога погледот ни е горе или долу, лево или десно, всушност „копаме“ по своето сеќавање и зборуваме вистина. Меѓутоа, нашите реченици вклучуваат разни видови сеќавања кои поттикнуваат разни делови од мозокот, па се смета дека и тоа е мит.

Тонот во гласот

Кога личноста лаже, гласот и станува забележително повисок. Научниците сметаат дека нешто повисок глас од вообичаено е знак дека луѓето најверојатно лажат. Проблем е што тоа многу тешко може да се забележи. Ако станува збор за луѓе што ги познавате, тогаш може да забележите дали им се менува бојата на гласот кога им поставувате незгодни прашања. Ако е малку повисоки тонот, веројатно е дека тој навистина ве лаже.

Бомбардирање со прашања

Кога човек лаже, мора да се сконцентрира на она што го зборува, а тоа обично резултира со едноствни одговори. Ако сакате да фатите некого во лага, пуштете го да ви каже што има намера, а потоа поставете му низа прашања – буквално бомбардирајте го! Ако лаже, одговорите ќе му бидат прилично нејасни и ќе му фалат детали. 

Прераскажување наназад

Тоа е техника со која многу често се служат полицајците. Тие ќе прашаат некого да им ја објасни неговата верзија на случката. Потоа ќе побараат истата да им ја појасни уште еднаш, но овој пат да почне од крајот. Ако некој лаже, тоа ќе му биде тешко и голема е веројатноста дека ќе се збуни.

Брзиината на давање одговор

Стручњаците тоа го нарекуваат „латентен период на реакција“, а тоа е времето кое и е потребно на личноста за одговор на прашањето. Ако некој лаже, ќе вложи многу труд да ја смисли лагата, а за тоа му треба време. Тогаш доаѓа до куса пауза помеѓу поставеното прашње и одговорот.

Вербални знаци

Ако мислите дека вашиот партнер ве изневерува, поставете му директно прашање: „Дали ме изневеруваш?“ Важно е внимателно да го слушнете одговорот. Ако ви каже: „Не, се разбира дека не!“, можете до некаде да бидете сигурни дека ја зборува вистината.

Меѓутоа, ако на вашето прашање одговори: „Као можеш да ми поставиш такво прашање?“ „Колку долго се познаваме?“ „Ме шокираше со тоа прашање!“ - станете сомничави. Имено, тоа е типично избегнување на вистинит одговор и оној кој така реагира, најверојатно лаже.

Промена во однесувањето

Ако разговарате со личност додека е опуштена и смирена, можете да откриете какво е нејзиното нормално однесување, односно каква е во нормални околности. Кога ќе и поставите одредено прашање и таа одеднаш го смени однесувањето, можете да бидете сигурни дека се случува нешто сомнително.

Би можело да ве интересира:

Моќни илустрации кои ќе ве поттикнат да размислувате за животот и светот околу нас Преку своите илустрации, илустраторот Сергио од Германија ги преточува неговите ...
Емотикони што сигурно не сте знаеле дека ги употребувате погрешно (втор дел) Во комуникацијата на социјалните мрежи многу често се употребуваат различни емот...
Морничави уметнички ремек-дела за кои сите би требало да знаат Сликата на Фрида Кало инспирирана од нејзиниот спонтан абортус, како и сликата н...
Модерни бон-тон правила кои треба да ги почитуваме во секојдневието Не праќајте гласовни пораки, а кога каните гости на ручек, прашајте ги дали имаа...
Избегнувајте штипки за коса - Што треба да имате предвид кога се облекувате за долг лет со авион? Зошто во авион не треба да носите штипки за коса, отворени чевли или комплициран...
Како би изгледале актерките од златната ера на Холивуд со денешните стандарди за убавина? Од Елизабет Тејлор до Мерилин Монро и Грејс Кели - можете ли да замислите како б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg