Типови фаци на Фејсбук
Овој текст ни го испрати нашиот читател Ненад, на една актуелна и интересна тема. Ако порано знаеле за главни фраери, мангупи во чаршија и...
...низ градот, сега тоа се се сведува или барем почнува од Фејсбук.
Постои голема разновидност меѓу оние ликови кои најчесто можете да ги препознаете според следните карактеристики:
Фаца Билдер – Тоа ти е фаца што иде во теретана и многу случајно додека крева 28 до 34 кила на бенџ му ѕвони телефонот и он крева вика „АЛО“, а другар му "МНОГУ СЛУЧАЈНО" у тој момент го слика, при што е констатирано дека сликата содржи видно изразен бицепс и е совршена за Profile picture!
Фаца – медиумска личност – Тоа ти е фаца што се појавува на вести додека се снима прилог на пример за Народна банка на Р.М, а тој поминува на пешачки и нормално тие 5 секунди после идат на Фејсбук па се прават нешто 5-16 скрин шотови и типот во тој момент е најголема медиумска фаца меѓу пријателите и бројот на Friend Requesti му е зголемен за 15 % за разлика пред рекламата.
Фаца рапер – прво во очи паѓа фаермерка број WTFOMGXXL ала шаторско крило и ланци за кола околу врат.
Фаца жртва на транзиција – Тоа ти се оние фаци кои била популарни на времето на piczo и hi5 али не успеале и на Фејсбук oдносно за време на ембаргото и транзицијата не успеале да останат популарни и на Фејсбук.
Фаца фотограф - Тоа ти е фаца што има апаратче од скромни 500 јурици и знае да му напрај аутофокус и слика фотеља у дневна соба со аутофокус и одоздола ја потпишува со Име и Презиме Photography.
Фаца „и јас излегувам во град“ - Овие фаци кога им доаѓа дечкото со апарат во диско да ги слика на сепаре (читај: на сепаре!) му викаат ај те молам дечко фати ја и флашата да се глеа ... нели ептен да не испадне џабе не јаделе ужинка цела недела ги сликале за на Интернет, а ја нема флашата. Овие фаци не излегуваат во понеделник во Хавана, затоа што нема сепариња, а и во понеделник нема дежурни фоторепортери.
И општо 2-3 факти за фаците (оние што стварно мислат дека се фаци - фаци). На фаците не треба да им коментирате на статус освен ако не сте им БФФ зашто естетскиот изглед на статусот е многу битен ! Исто така морате да ги разберете дека не им е лесно и на нив да напишат срценце и кисче на 98 пријатели секој ден. Не е лесно да се тагнуваш на една иста слика по 100 - 200 пати на ден за да собереш некој лајк повеќе , не е лесно да и пишеш на другарка ти дека е убаво излезена на сликата а и сам/а знаеш дека не е. На темава може да се напише многу , а и секој од вас би му текнало некој тип на фаца што го гледа секој ден по Фејсбук ,а за крај чисто онака прашајте ги ваши родители како изгледале фаците во нивно време...па направете споредба...
Текстот ни го испрати Ненад Смиљковиќ