Виц на денот: Газда Мујо
Ја прочитал Мујо книгата „Биди газда во своја куќа“ и се одлучил да го примени прочитаното. Отишол дома, влегол во кујната, го вперил прстот...
...кон Фата и со остар глас и вели:
- Фато, јас сум газда во оваа куќа, и мојот збор е последен!
Фата го погледнала без збор, а Мујо продолжил.
- Вечерва има да спремиш добра вечера, а после неа сакам и колачи. Потоа ќе одиме во спалната и ќе водиме љубов како што јас сакам.
Фата и понатаму молчи, а Мујо не престанува:
- После тоа ќе ми ја наполниш кадата за да се опуштам, ќе ми го истриеш грбот, ќе ме избришеш и ќе ми облечеш пижами. Ќе ми ги измасираш нозете и рацете, а погоди кој ќе ме исчешла и успие кога сето ова ќе биде готово?
Фата го погледнала и мртва ладна му одговорила:
- Некој од погребалното друштво будало една!