5 безобразни вицеви за брачни парови од кои нема да престанете да се смеете (18+)

Малку безобразни и многу смешни, секако наменети за повозрасните, овие вицeви ќе ви го подобрат расположението и ќе направат да се смеете во текот на целиот ден.

chetvrto-dzvonche-bezobrazni-vicevi-za-brachni-dvojki-od-koi-nema-da-prestanete-da-se-smeete-18-01.jpg

Никој не е имун на хуморот со безобразните вицеви кои сите понекогаш сакаме да ги споделуваме кога сме во друштво на луѓе што ни се блиски и кога знаеме дека никој нема да ни се налути за вулгарноста, а добро ќе се насмееме.

Во продолжение 5 такви вицеви, што ќе ви се најдат за следните седенки со блиските пријатели. Сигурно добро ќе се насмеете со нив.

Четврто ѕвонче

Сопругот, кој работел како пожарникар, еден ден кога си дошол од работа ѝ рекол на соругата:

- Жено, кај мене на работа, убаво се знае: прво ѕвонче – стануваш од кревет, второ ѕвонче – се лизгаш по шипка, трето ѕвонче – влегуваш во кола...

Отсега дома ќе воведеме таков систем, кога ќе кажам прво ѕвонче, ќе се соблечеш, кога ќе кажам второ ѕвонче ќе рипнеш во кревет, а кога ќе кажам трето ѕвонче ќе дојдеш врз мене...

Следниот ден сопругот си дошол од работа и ѝ рекол на сопругата:

- Ајде жено, прво ѕвонче – по што таа веднаш се соблекла.

Второ ѕвонче – жената веднаш рипнала во кревет.

Трето ѕвонче – жената се качила врз мажот.

Почнале да водат љубов и одеднаш жената почнала да вика „четврто ѕвонче, четврто ѕвонче...“

- Какво четврто ѕвонче, што ти е сега – ја прашал мажот, на што таа одговорила:

- Пушти повеќе црево, не стигам до огнот.

Лош мачор

Си дошол сопругот дома, загрижен затоа што на градите имал гребаница од љубовницата и не знаел како да се оправда пред сопругата.

Го видел мачорот како лежи на софата во дневната соба и веднаш почнал да го брка надвор и да вика:

 - Мрш надвор, види што ми направи...

Дошла сопругата и го прашала:

- Што се случи, зошто го бркаш мачорот? – на што тој ѝ одговорил:

- Мачоров целосно е збеснат, види што ми направи, ме изгреба на градите...

Сопругата го погледнала и му рекла:

- Во право си, изгледа има беснило... Види мене што ми направи – ме гризна за градите и ми направи модринка на вратот...

Стриптиз бар

Сопругата одлучила за годишница од брак да го почести сопругот Миле и да го однесе во стриптиз бар. Стигнале во барот и обезбедувањето на врата го поздравило:

- Здраво Миле, како си вечерва?

Сопругата, збунета го прашала од каде го познава обезбедувањето и дали претходно бил во барот, на што Миле ѝ одговорил:

- Не бе жено, заедно играме фудбал...

Седнале на една маса, дошла келнерката и без да го праша, веднаш му донела пиво.

- Повели Миле, вообичаеното... – рекла келнерката.

Сопругата го прашала од каде ја познава келнерката и како таа знае што пие вообичаено, на што Миле одговорил:

- И таа доаѓа на фудбал, тренира со жени. Се случува да се видиме по тренинг...

Во тој миг доаѓа една стриптизета, му седнува во скут и му вели:

- Здраво Миле, како си? Спремен си за танц...?

По ова, сопругата бесна, станала и тргнала да си оди. Излегла од барот и влегла во првото такси, а Миле влегол веднаш по неа...

Се трудел некако да ѝ објасни дека најверојатно стриптизетата згрешила, го помешала со некој друг, но сопругата не му верувала и почнала да му вика...

На ова таксистот се свртел и му рекол:

- Аман бе Миле, не можеше некоја понормална да најдеш вечерва?

Роденден

Дошол еден маж во бар нарачал пијачка и седнал сам. Шанкерот забележал дека човекот е мошне тажен и го прашал што му е:

- Животот ми е готов – рекол мажот.

- Зошто, што се случи? – го прашал шанкерот.

- Минатата недела ми беше роденден – почнал да раскажува мажот... 

Жена ми не ми честита роденден, децата не ми честитаа роденден, родителите заборавија да ми се јават...

Така, отидов на работа и никој од колегите не ми честита роденден.

Кога влегов во канцеларија, секретарката ми рече: ‘Среќен роденден шефе’ и многу се израдував.

Ме викна да одиме на ручек, по што ме покани да одиме во нејзиниот стан.

Отидовме кај неа и ме праша: Ќе ти пречи ако одам до спалната на кратко? - на што ѝ реков дека е во ред.

По 5 минути излезе со роденденска торта, со жена ми, децата, родителите, колегите и пријателите и сите на глас викнаа: ‘Среќен роденден’...

- Добро и во што е тука проблемот? – прашал шанкерот.

- Епа, додека чекав да се врати секретарката, јас се соблеков гол – одговорил мажот.

Куќна помошника

Еден ден куќната помошничка која не била задоволна од платата ѝ се свртела на газдарицата и ѝ рекла:

- Слушајте госпоѓо, мислам дека долго време работам за вас и веќе заслужувам покачување. Еве ви три факти што докажуваат дека заслужувам повисока плата:

- Прво, пеглам подобро од вас – рекла помошничката, на што газдарицата ја прашала:

- Кој ти го кажа тоа?

- Вашиот сопруг постојано ме фали дека подобро пеглам од вас... – рекла таа и продолжила: Второ, готвам подобро од вас.

- Кој ти го кажа тоа? – прашала газдарицата.

- Вашиот сопруг – рекла помошничката и продолжила: Трето, јас сум подобра во кревет од вас... – на што газдарицата рекла:

- Да претпоставам, и тоа ти го кажа маж ми?

- Не, градинарот ми го кажа, ама нема врска, секако заслужувам покачување – рекла слугинката.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg