„Докторе, не можам да прднам без да направам врева“ - Медицински лица издвојуваат комични изјави од своите пациенти

Медицинските лица секојдневно се во непосреден допир со луѓето, па сосема нормално е дека тие често доживуваат по малку смешни ситуации.

Doktore-ne-mozham-da-prdnam-bez-da-napravam-vreva-Medicinski-lica-izdvojuvaat-komichni-izjavi-od-svoite-pacienti 01 630x330.jpg

Лекарската фела во своите животно-работни „записи“ поседува бројни комични изјави од своите пациенти, кои најчесто ненамерно изговорени ги засмејувале и им го разубавувале денот.

Во продолжение издвоивме најуникатни „бисери“ на пациентите кои медицински лица ги споделуваат, а со сигурност ќе ве насмеат:

„Во страшна дилема сум. Јас сум чесна жена и се срамам да ве прашам ова, но морам. Закачив сексуално пренослива инфекција од дечко ми, па се прашувам дали можам да му ја пренесам на мојот сопруг?“

„Ги имам тие триглицериди и сите три се покачени. Што да правам сега, ако имаше барем еден, лесно ќе се справев со него“.

„Овде една баба која се јавува за брат ѝ. Јас сум негов главен доктор, знам точно кому и кога треба да се јавам. А, сега да прашам. Брат ми го боли цел стомак, па се плашам да не е нешто гинеколошко или уролошко?“

„Имав мало, тврдо топче внатре во мојата уста и мислам дека можеби тоа беше мојот јајник“.

„Докторе, мојот стомак го испушта она чудно шумолење секогаш кога не сум јадена. Тоа почнува да влијае на мојата работа“.

„Здраво докторе. Го резервирав овој термин пред две недели, но проблемот исчезна сега. Не сакав да го трошам терминот, па мислев дека е најдобро да дојдам".

Doktore-ne-mozham-da-prdnam-bez-da-napravam-vreva-Medicinski-lica-izdvojuvaat-komichni-izjavi-od-svoite-pacienti 02 630x400.jpg

„Не ми ја проверувајте температурата со тој ректален термометар! Јас не сум геј!“

„Мислам дека имам анемија. Рацете ме болат кога врне“.

„Можете ли да решите брачен спор? Мојата сопруга мисли дека парацетамолот е подобар, а јас мислам дека е ибупрофен. Кој е во право?“

„Имам проблеми со варењето кога е облачно, а моето дете има исцедок од увото кога има полна месечина“.

„Докторе, не можам да прднам без да направам врева“.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Најсмешните твитови и мемиња за Оскари 2024 Шеги на сметка на Бредли Купер кој повторно не освои Оскар, но и на сметка на Џи...
Забавни мемиња кои ќе ви покажат дека сите сме исти (и живееме ист живот) Се топиме во лето ако ја исклучиме климата на 2 минути и ги гледаме нашите објав...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Смешна фото-компилација: Неуспешни обиди за градинарство Лимон голем колку зрно грашок, морков кој личи на стапче – смешни фотки од неусп...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg