Вирална објава на мајка ги насмеа сите: „Со тешко срце донирам предмети – немам време за ова хоби“

Мајка со тешко срце одлучи да ги донира предметите за извршување на нејзиното хоби што веќе станало неисплатливо, па ги насмеа мајките на Фејсбук. Во коментарите имаше и такви што се сложија со неа, а надополнија и кои други предмети би ги донирале.

majka-so-urenebesna-objava-na-socijalnite-mrezhi-so-teshko-srce-doniram-predmeti-nemam-vreme-za-ova-hobi-01.jpg

Ниту една жена не сака слободното време да го поминува во чистење, а ако на ова се додадат и обврските што ги имате како мајка на бебе или на мали деца, тогаш чистењето сигурно ви наликува само на хоби што никој не го цени.

Само што сте завршиле, се вртите и околу себеси гледате хаос...

На српска Фејсбук страница се појави објава што насмеа голем број мајки во регионот:

„Го објавувам ова со тешко срце...

Подарувам/донирам бројни предмети за моето хоби затоа што веќе немам желба ни време да правам нешто со нив.

Животот понекогаш е таков. Да се има хоби значи да имаш премногу работа, а никакво признание. Јас сум многу уморна... Исцрпена сум всушност.

Не поставувајте премногу прашања, затоа што не можам повеќе да говорам за тоа.

Ве молам да ме контактираат само оние на коишто навистина им се потребни овие предмети.

Погледнете ја листата на предмети што ги подарувам:

1. Метла и лопатка;
2. Сунѓерот Боб;
3. Спрејови за тен;
4. Мопа за под;
5. Чистач за стакло;
6. Правосмукалка;
7. Детергент (за облека и за садови);
8. Омекнувач;
9. Кеси за ѓубре;
10. Четка за тоалет.

Ве молам пишете ми во инбокс ако сте заентерсирани.

Најдобро е сите предмети да ги земе една личност, затоа што се мошне поврзани меѓусебе.“

Голем дел од оние што ја видоа објавата се сложуваат со неа, а други велат дека би додале на списокот и пегла и даска за пеглање.

Кои предмети вие би сакале веднаш да ги донирате?

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

11 малку мрачни шеги, кои не се за сечиј вкус Копав во нашата градина и најдов ковчег со злато и сакав да истрчам да ѝ кажам н...
„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Смешна фото-компликација: Кога чистењето на домот не ви оди по план Замислете да поминете часови во чистење базен, за на крај внатре да ви падне сак...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Хит мемиња во кои ќе се пронајдат сите (и ќе ве насмеат до солзи)  „Кога ќе го прифатиш фактот дека нема да бидеш во фит форма летово, ниту к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg