14 шеговити знаци дека сте типичен Македонец
Земаш плата 20.000 денари, а живееш како да земаш 120.000. Можеш да седиш во кафеана подолго од едно работно време. Сметаш дека секогаш е добро време за ракија.
Ние дефинитивно сме народ што умее да ужива во животот и тоа ни е главно мото.
Сепак, на моменти знаеме да потфрлиме во одредени аспекти, како сообраќајната култура на пример.
Ајде да се пошегуваме на дел од своите навики.
Дали си типичен Македонец?
- Се плашиш од промаја.
- Сушиш гаќи на жица на тераса.
- Земаш плата 20.000 денари, а живееш како да земаш 120.000.
- Можеш да седиш во кафеана подолго од едно работно време.
- Сметаш дека секогаш е добро време за ракија.
- На ден пиеш минимум 3 кафиња.
- Со едно кафе седиш 2 часа во кафуле.
- Сметаш дека си експерт за сè.
- Зборуваш доволно гласно да те чујат преку 3 маси во локалот кадешто седиш.
- Кога мислиш на детство, мислиш на сендвич со ајвар и сирење.
- Живееш со родителите до 30+.
- Пцуеш кога возиш и сметаш дека сите останати учесници на сообраќајот се неспособни.
- Трубиш на свирката без прекин, сите треба да знаат дека си нервозен, без разлика кој дел од денот е.
- Во недела наутро пушташ правосмукалка, па што има врска ако спијат другите станари во зградата.
Прочитајте и 10 работи по кои ќе препознаеш дека си типичен Македонец
С. С. | Црнобело