Смешна фото-компилација: Како постарите генерации се справуваат со модерната технологија?
„Кога дедо сака да се логира на Фејсбук, секојпат си прави нов профил“ - луѓе споделуваат смешни ситуации од нивните повозрасни родители, баби и дедовци кои не се снаоѓаат добро со технологијата.
Додека ние пораснавме со телевизори, компјутери и мобилни телефони, нашите баби и дедовци растеа во сосема друг свет. Технолошкиот бум што драстично ни ги промени животите се случи во поново време, па нормално е што за постарите генерации технологијата може да биде предизвик.
Тие ги поминале целите животи без смартфон и интернет, па не можеме да очекуваме веднаш да се адаптираат на промените, и тоа на 70 или 80-годишна возраст.
Сепак, нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да се насмееме на нивна сметка кога станува збор за нивните вештини за технологија.