Женски - и ова ве чека...
Ако сте во цутот на младоста, ќе ве стигнат и средните години. Ако веќе сте во овие години следниве работи сигурно ќе ви бидат познати. Знаеш дека си...
...жена во години кога:
1. Сè те боли, а тоа што не те боли – не функционира.
2. Средните години се гледаат во струкот...но, струкот не се гледа.
3. Тоа се годините кога сакате нешто, но не ви текнува што.
4. Докторот ти советува свеж воздух, а ти отвораш прозор.
5. Сакаш да одиш на фитнес, ама ќе дремнеш, па ти поминува волјата.
6. Гасиш светло заради економија, а не заради романтика.
7. Вечерата со свеќи не е веќе романтична. Веќе не можеш да го здогледаш и прочиташ менито.
8. Наместо да менуваш фризури, сега го менуваш фризерот. Да биде брз и евтин.
9. Во детството правевте гримаси пред огледалото? Сега огледалото ви се одмаздува!
10. Знаеш дека си во средни години кога времето ти го одзема она што ти го дала природата.
11. Престанувате да ја критизирате постарата генерација. Сега почнувате да ги критикувате помладите.
12. Сега не давате лоши примери. Давате лоши совети.
13. Ги знаете сите одговори, но никој ништо не ве прашува.
И за крај:
Во животот постојат 3 периоди:
- Детство
- Младост и...
- „Колку добро изгледаш“
Ајде женски – само главата напред!