Виц: Најбрзо на светот
Разговарале биолог, физичар, филозоф и типичен македонец на тема што е најбрзо на светот. Па сите еден по еден го споделуваат своето мислење...
...од сопствена гледна точка.
Биологот: Најбрзо е трепкањето со окото. Тоа се случува, а никој и не забележува дека се случило.
Физичарот: Најбрза е светлината. Кога ќе притиснете прекинувач, таа стигнува до вас со брзина од 300.000 km/s. Нема поголема брзина во природата.
Филозоф: Најбрза е мислата. Со неа за само миг можеш да стигнеш било каде на светот.
Македонецот: Па кога веќе ве ислушав вас учените луѓе, сфатив дека најбрза работа на светот е проливот. Кога ќе те стегне, уште пред да трепнеш со окото, упалиш светло во ве-це, или да помислиш било што, веќе си се посрал...