Кога жена ќе отвори уста

Сообраќаен полицаец запира автомобил заради брзо возење. - Господине, возевте 140 Km/h, а дозволено е 100. Возачот почнал да се брани:

koga-zena-ke-otvori-usta-1.jpeg

- Па, не знам баш дали беше така. Јас го програмирав автомобилот на "cruise control" за да возам 100 Km/h. Можеби вам радарот не ви е скоро атестиран?

Без да го дигне погледот, жена му која седи покрај него рекла:
- Не биди луд душо, па знаеш дека нашава кола нема "cruise control".

Додека полицаецот ја пишувал казната, возачот се врти кон жена си и и’ се дере:
- Можеш ли ти некогаш да си го држиш јазикот во уста?

Жената се насмевнала и му рекла:
- Можеш да бидеш среќен што “радарот детектор“ те опомена на време па од 200 намали на 140 Km/h."

Тогаш полицаецот почнал да му пишува и друга казна заради илегално поседување на радар детектор, а возачот и се дере на жена си:
- Проклета жено, заќути!

Полицаецот продолжува и му вика:
- А, ќе морам и да ве казнам затоа што не носите сигурносен појас додека возите.

Сега возачот почнал да се правда:
- Видете господине полицаец, јас носев појас, но го извадив кога ме сопревте за да ја извадам возачката од задниот џеб на панталоните.

На тоа неговата жена:
- Драги, знаеш и самиот дека не носиш појас никогаш додека возиш!

И додека полицаецот почнал да ја пишува и третата казна возачот дивјачки и се развикал на жена си:
- АМАН ВЕЌЕ ЕДНАШ ЗАМОЛЧИ!!!

Полицаецот ја погледнал жената и ја прашува:
- Госпоѓо, дали вашиот сопруг секогаш вака разговара со вас?

А, жената на тоа:
- Не секогаш господине, само кога пие алкохол!

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg