10 типови македонски шефови
Општо позната приказна од сериите и филмовите е дека шансите да имате добар однос со шефот отколку со свекрвата се за малкуцка поголеми.
Шефовите знаат да бидат незгодни. На нас македонците изгледа дека генетски ни е сите да бидеме шефови, менаџери и директори.
На какви се може да налетате?
1. Македонски специјалитет. Не, ова не е специјалитет од ресторан туку типичен македонски менаџер или шеф. Тој се смета за божество. Без оглед дали е шеф на адвокатска канцеларија или газда на трафика, и дали вие имате 20 години или сте постари од него, на вас ќе ви се обраќа со „мали“ или „мајсторе“. Тој секогаш мора да има секретарка, а вечерите по кафеани ги става на сметка на фирмата и сака кога му се обраќаат со „шефе“.
2. Модерен менаџер. Кај него може да се доаѓа во канцеларија и со „кежуал“ облека, а и да работите на каучот во канцеларијата. Слушнал дека така може во Google, па зошто да не и кај нас. За разлика од македонскиот шеф (1) ретко користи парфем „а ла кромид“. Носи мокасинки и слуша музика која никој од вработените не може да ја поднесе. Сака да се чувствува главен, да биде и мангуп и директор во исто време. Има хобија за кои нема време, се фали дека е успешен, а од приватен живот ни „П“.
3. Шеф на кој се палат жените. Секогаш дотеран пиц – пец, полиен со парфем, редовен посетител на теретана. Ретко носи брадичка, често флертува и задолжително се поздравува со сите вработени згодни женски. Знае да дели комплименти на кои паѓаат сите жени. Иако во канцеларија е маж за мерак, кога оди дома машкоста ја остава пред врата одма откако ќе ги избрише чевлите.
4. Шефица на која се палат мажите. Стегната, дотерана, високи штикли, строг поглед, па уште и ако носи модерни наочари... Речиси сите потајно ја посакуваат и е најчесто е главна тема на групните чатови на Скајп. Ама, затоа секогаш постои некој во фирмата што и за неа ќе рече “маж и сигурно е некој копук чим се оженил со неа“.
5. Шеф – ортак. Најлош вид. Тој знае се за љубовните проблеми на вработените, пие кафе со вработените и после работа ги кани на пиво. Кога ќе влезе во канцеларија на сите им се обраќа со „брат“. Кога ќе им прирасне за срце се одлучува да не им даде плата на време на вработените. А, на ортак не можеш да му се налутиш за такво нешто зар не?
6. Леден шеф. Добар ден. Довидување. Целата интеракција со него е само за поздрав и ништо повеќе. Сите ги именува по презиме затоа што го мрзи да ги памти имињата. Кај него платата е секогаш на време, и никогаш не доцни на работа. Омилена реченица му е дека работата и задоволството не треба да се мешаат. Секогаш се облекува во исти одела.
7. Своевремен мангуп. Во средно ги имал најдобрите женски. На факултет сменил уште десетина. Стигнал до врвот водејќи се според „Целта ги оправдува средствата“. Го бие лош глас кај жените, па уште е ерген. Се пали на сите вработени колешки.
8. Херој. Најчесто е жена. Се облекува професионално, а сепак опуштено и никогаш не хистериша. „Ајде да смислиме решение“. На маса има слика од семејството и верува во „тимска работа и позитивна енергија“. Најчесто ја унапредуваат па оној кој ќе ја замени по „default“ е омразена личност.
9. Стара кокошка. Главно хоби и е оговарање на вработените и мразење на младите и способни колеги. Има голем задник и фризура од осумдесетите. Најчесто ги има во ретките државни фирми каде по цел ден пијат кафе со сличните на нив колешки. Го почитува 8-ми март од сè срце и чека подароци на маса.
10. Шеф од пеколот. Ќе го препознаете по продорниот глас кој најчесто се шири низ ходниците: „Што правиш ти тука? За што те плаќам?!“. Ако е од важна фамилија најчесто е разведен и живее во големата куќа на неговите. А, ако не е, најчесто ја злоупотребува сопругата, а децата го мразат. Кога ќе го сменат во фирмата е славје.
За кого работите вие?