Како Мујо добил награда?
Светската здравствена организација во рамки на ОН, распишала конкурс на тема: „Животот на планетата во новиот милениум“. Наградата била...
...милион долари. Стигнале многу пријави. На главната седница на ОН, делото на Мујо било прогласено за најдобро. Неговиот цртеж бил човек во гаќи со гас маска, кој во едната рака држи ружа, а во другата кондом.
Излегол главниот секретар на ОН да му честита на Мујо за победата, објаснувајќи и на публиката зошто баш го избрале делото на Мујо.
„Видете вака почитувани гости. Мујо го гледа денешниот свет со многу бистри очи... гас маската ја претставува загадената околина, кондомот претставува појава на многу полово заразни болести, самата голотија на човекот е сиромаштијата која не снајде, но ружата во раката сепак покажува дека постои надеж за сите нас дека сепак ќе настапат подобри времиња, и ќе ја пребродиме маката. Но, еве и господин Мујо нека ви каже сам.“
- Почитувани дами и господа, мислам дека дошло до недоразбирање, јас оваа слика ја направив со друга порака која гласи:
„Да имате секс со кондом е исто како и да мирисате ружа преку гас маска!“