Како ќе те зезне папагал?
На Ванѓа и се расипала машината за миење садови, па се јавила кај сервисерот да дојде да ја поправи. Бидејќи морала да оди на работа, на мајсторот му...
...објаснила како да влезе во куќата:
„Клучот е под чергичето, влезете внатре и немојте да се плашите од моето куче Спајк, тој нема да ви пречи, но ве молам немојте никако, ама никако, да му се обраќате на папагалот! Ќе ви префрлам пари директно на сметка. И уште еднаш повторувам, НИКАКО НЕ МУ СЕ ОБРАЌАЈТЕ НА ПАПАГАЛОТ!“
Кога дошол сервисерот без проблем го нашол клучот. Кога ја отворил вратата го видел огромното и страшно куче, но како што веќе Ванѓа му кажа, тоа си лежело мирно и го гледало како работи. Но...
Папагалот зад него бил ужасно, ужасно, досаден. Цело време се дерел и му идел на нерви на мајсторот. На крај тој веќе не можел да издржи:
„Затни се ти глупа, гадна птицо!“
На ова папагалот одговорил: „Држ’ го Спајки!“