Швалерско писмо
Оженет маж запознава убава девојка и се договара да ја помине ноќта со неа за 500 евра. Утрото, по заедничката ноќ, и рекол дека нема доволно кеш во него и дека ќе и каже на секретарката да и испрати чек со уплата на име “Наем на стан“ штом стигне во канцеларијата.
На пат кон работа сфаќа дека се кае, дека целиот секс не вредел толку пари, така што и кажал на секретарката да спреми чек на 250 евра, и, и’ го кажал следново објаснение кое требала да го приложи со чекот:
Почитувана госпоѓо,
Во прилог е вашиот чек на износ од 250 евра на име „наем на стан“. Не ви го праќам износот кој го договоривме однапред, затоа што кога се договараме сметав дека:
1. Станот претходно не бил користен
2. Дека е добро загреан
3. Дека ќе биде доволно мал за да се чувствувам во него пријатно како дома.
Меѓутоа сфатив дека порано веќе сте имале подстанари, греењето не работи, а станот е премногу простран.
Срдечен поздрав.
Откако го примила чекот, дотичната госпоѓица веднаш му го вратила со следното објаснување:
Почитуван господине,
Пред се, не знам зошто сте мислеле дека така убав стан би можел да биде неограничено долго празен. Што се однесува до вашата жалба за топлината во станот, греењето функционира совршено добро, ако знаете како да го вклучите. Кога ја споменавте пространоста, станот е со нормална големина. Доколку вие немате доволно намештај за да го пополните, немојте да го обвинувате сопственикот на станот.
Ве молам да го испратите договорениот износ за станарината, во спротивно ќе бидам приморана да ја контактирам вашата моментална станарка.
Срдечен поздрав!