Најзабавните неверства
Колку сте умешни да сокриете неверство? Ова се неколку интересни примери за снаодливи и помалку снаодливи неверници. Аферите знаат да бидат...
...навистина интересни особено ако се завршат вака.
Прва афера
Оженет маж со љубовница едно попладне воделе љубов кај неа во станот. Исцрпени, заспале и се разбудиле дури околу 9 часот вечерта. Мажот на брзина се облекол и побарал од љубовницата да ги изнесе неговите чевли надвор и да ги извалка со трева и кал. Ги облекол и заминал дома.
„Каде беше цел ден“ – на врата го дочекала жена му.
„Не можам да те лажам“ – одговорил, “Имам љубовница и водевме љубов цело попладне“.
Жена му погледнала во чевлите и рекла:
„Лажго еден! Пак си играл голф цел ден!“
Втора афера
Средовечен пар имал две ќерки, но секогаш разговарале дека е убаво да имаат и син. Одлучиле да си ја пробаат среќата. Жената забременила и родила здраво машко дете. Пресреќен таткото отишол во болница да си го види синот. Кога го видел најгрдото дете на светот се извадил од памет.
„Нема шанси јас да сум татко на ова несреќно дете“ – и рекол на жена си. „Види ги овие 2 преубави девојчиња кои сум ги направил! Ти си се швалерисувала!“
Жената се насмевнала и одговорила:
„Не и овој пат!“
Трета афера
Гробар работел доцна во ноќта. Го подготвувал телото на Перо кој требал да биде кремиран и открил фрапантен факт. Перо имал најголем полов орган кој некогаш го забележал.
„Се извинувам господине Перо, си коментирал сам со себе, но не можам да дозволам ваков импресивен примерок да биде кремиран, ова мора да биде сочувано за иднината“. Притоа му го отстранил, го спакувал во торба и го понел дома.
„Имам нешто да ти покажам, нема да веруваш со свои очи“ – и рекол на жена му отворајќи ја торбата.
„О, Боже мој! Викнала жената престрашена...“
„...Перо е мртов!“