10 сигнали дека сте „навлечeни“ на социјални мрежи

Дали сте од оние кои во текот на денот ги „превртуваат“ Фејсбук, Инстаграм и Твитер и сте во тек со сè што се случува?

10-vistini-za-navlechenite-na-socijalni-mrezhi-01.jpg

Доколку се препознавате во описот, тогаш многу е веројатно дека сè што им се случува на другите веќе ви е познато бидејќи го објавиле на Фејсбук, па дури и тоа кој ѝ се допаѓа на ќерката на сосетката.

Вашите способности да дознаете што и да ви треба преку социјалните мрежи ве става на рамниште на модерен Херкул Поаро.

Во таков случај, сигурно ќе се пронајдете во некое од следниве тврдења:

1. Кога сакаат да дознаат нешто за некого, вашите пријатели најпрво ви се обраќаат вас.

2. Ги знаете сите рандом и непотребни алатки од апликациите за социјалните мрежи.

3. Цврсто верувате дека би можеле да бидете таен агент кој случаите ги решава преку Фејсбук.

10-vistini-za-navlechenite-na-socijalni-mrezhi-02.jpg

4. Често пронаоѓате нешта кои баш и не сакате да ги знаете.

5. Имате повеќе принтскринови во галеријата отколку какви било други фотографии.

6. Ги претчувствувате и знаете сите нови нешта пред кој било друг да стане свесен за нив.

7. Поминувате часови и часови на својот мобилен телефон и често ви е приклучен на екстерната батерија.

10-vistini-za-navlechenite-na-socijalni-mrezhi-03.jpg

8. Најчесто први одговарате во групната порака или пак вие ја креирате.

9. Најголем кошмар ви е дека ќе лајкнете објава од 2010-та година додека „манијачите“ нечив профил.

10. Сакате да намалите со социјалните мрежи, но сепак е посилно од вас и останувате сè поприсутни.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Смешна фото-компликација: Кога чистењето на домот не ви оди по план Замислете да поминете часови во чистење базен, за на крај внатре да ви падне сак...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...
Забавни мемиња кои ќе ви покажат дека сите сме исти (и живееме ист живот) Се топиме во лето ако ја исклучиме климата на 2 минути и ги гледаме нашите објав...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg