Од А до Ш - македонска „хејтерска“ азбука
Како успеваме со неколку зборови да им ги пресечеме крилјата на луѓето околу нас?
Навистина сме креативни кога треба да критикуваме некого, па неретко со само неколку зборови кажуваме тон негативни мисли.
Ајде да се пошегуваме со оваа „хејтерска“ македонска азбука:
Ако му е
Браво, така му е
Викаш така а
Гледаш, ти реков
Доста те слушав
Ѓезве си, капаче за тебе нема
Ептен погреши
Жив ќе се изедеш
Залудно се трудиш
Ѕвона ти ѕвонат во главата или ме слушаш
Има надеж и за тебе
Јак си на зборови
Клета уста
Лесно ти е со тој памет
Љуби го мајка
Малку ти беше
Не бе, нема разбирачка со тебе
Њ (тука и ние немаме што да кажеме)
Оф леле, пак ли тоа
Престани веќе
Радувај се ти само
Среќа нема да ти ги гледам маките
Тешко мене со тебе
Ќути те молам
Уште колку ќе те слушам
Фер игра од тебе нема
Хипноза да не ти направија
Цреп си
Чекајќи умрев
Џабе зборувам
Што барам од тебе ум
Се разбира, нови предлози и дополнувања прифаќаме во коментар.
С. С. | Црнобело