Скопјанец или грк?
Лавот избегал од зоолошката градина во Скопје и нападнал едно девојче. Тогаш се појавил еден човек и со голи раце го задавил лавот, и го спасил девојчето.
Утредента наслов во весниците:
Храбар Скопјанец задави лав и спаси девојче!
Човекот се јавил во редакциите и им рекол:
- Слушајте ваму јас сум тој што го задави лавот и јас не сум Скопјанец!
Следниот ден наслов во весниците:
Храбар Македонец задави лав и спаси девојче!
Повторно човекот се јавил во редакцијата:
- Не сум Македонец.
- Е добро кажи што си?
- Јас сум од Грција, работам во амбасадата.
- Добро, извинете, утре ќе го смениме насловот.
Наредниот ден наслов во весниците:
Ненормален Грк го задави лавот, миленикот на децата!