Конечно едно искрено CV

konecno-edno-iskreno-cv-povekjeВеруваме дека сите имате подготвено своја биографија и сигурно сте го следеле принципот: “Истакни ги своите адути и искуства, за да те повикаат на разговор“.

 

Па така најчесто CV-то ни е напумпано со сите семинари, конференции, обуки, најчесто хоби - читање книги (без разлика што изминатата година сте прочитале вкупно 1 ипол книга) - се во служба на добро CV.

Како би изгледало CV-то, ако се решиме да бидеме навистина искрени? Проверете и сами. Wink

Предмет: Искрено CV
До:
XXXX ДОО

Потполно неподготвен за работа под притисок и прекувремена работа освен ако не сум дебело платен.

Искрено, ме заболе за целите на вашата компанија ако со платата не можам да ги покријам сите тековни трошоци, плус и да ми остане за гардероба, книги, патување, излегување и спорт.

Функционирам според принципот “Колку пари – толку музика.“

Исто така, не ме интересира што сте во пробеми и очекувам сите обврски кои ви се предвидени со закон да ги извршите на време, како и тоа да ги почитувате сите празници и годишниот одмор.

Факт е дека ќе ве напуштам штом ми се пружи подобра шанса.

Комуникативен сум со пристојни и љубезни личности, за заебанти имам краток фитил.

Пцујам на неколку светски јазици.

Студирав 100 години, но сметам дека е успех што воопшто и завршив факултет во оваа земја, каква што е.

Се усовршувам постојано и без вас, затоа што сум љубопитна личност и мислам дека животот има смисла и без скапување на работа.

Реагирам само на позитивна стимулација. Немојте да ме гушите со тестирање и тим билдинг глупости. Ако веќе се притресувате на такви западњачки фори, тогаш понудете и западњачка плата и услови за работа. Тоа што сте посетиле два, три семинари – не ве прави образована личност.

Што не знам – ќе научам. Не сум дебил.

И да, постојат работи кои во животот сум ги правел од чист ентузијазам, но жалам што морам да ве информирам дека тоа не важи и за работата која Вие ја нудите.

Со почит,
XXXX XXXXX

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои немале среќа на првиот ден на ново работно место Дали сте од оние луѓе кои баш и не ги прати среќа, туку напротив, секогаш им се ...
Најсмешните твитови и мемиња за Оскари 2024 Шеги на сметка на Бредли Купер кој повторно не освои Оскар, но и на сметка на Џи...
Смешна фото-компилација: Подароци што можете да ги добиете само од баба Ранец со слика од Исус, конзерви туна за Божиќ – кој е најлудиот подарок што сте...
12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Смешни (и тажни) дизајни на играчки - Дали би ги купиле? (фото) Некои играчки се направени според толку ужасен дизајн при што финалниот производ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg