Квантитетот е квалитет: Љубовни заповеди на просечниот Балканец

Можеби не живеете строго по сите правила кои следат на листата, но некои од нив сигурно сте ги искористиле барем еднаш во животот.

ljubovni-zapovedi-na-prosecniot-balkanec-001.jpg

Како ја гледа љубовта еден просечен Балканец?

1. Не се јавувај - никогаш.

2. Ако не ти се допаѓа девојката, немој да и кажеш. Многу е позабавно ако тоа го открие сама.

3. Излажи.

4. Вие сте маж и што и да направите - не е ваша грешка, сте биле испровоцирани.

5. Не барајте помош од девојката/сопругата. Дури и кога страшно ви треба. Луѓето може да помислат дека не сте доволно маж.

6. Жените сакаат кога ги игнорирате. Тоа ги провоцира.

7. Изгледот е најважен. Кога и да имате шанса, проверете го сакото, косата, брадата...

8. Кажете и дека ќе и се јавите, но не го заборавајте правилото број 1.

9. Не се дотерувајте претерано. Така луѓето ќе помислат дека девојката/сопругата ве облекува.

10. Негирајте апсолутно се.

11. Не значи да.

12. Да значи не.

13. Ако некој ве праша, сте воделе љубов на сите локации, во сите можни пози.

14. Емоции? Како емоции?

15. Изневерете ја девојката. Молете и клечете додека не ви се врати.

16. Животот е натпревар. Ако било кој друг е подобар од вас, преправајте се дека тоа не е точно и навредувајте го.

17. Ако ја повредите понежната половина, преправајте се дека ви е жал.

18. Игнорирајте ги проблемите. Ако вие не ги гледате нив, и тие нема да ве гледаат вас.

19. Сосема е во ред да имате лоша меморија и да заборавате ситници како роденденот, годишнината, бојата на нејзините очи...

20. Вие не сте одговорни за вашите постапки.

21. Основно правило во сексот - квантитетот е квалитет.

22. Ако сте ја изневериле девојката, а никој не знае, практично не сте направиле ништо лошо.

23. На секое прашање зошто, одговорете со не знам.

24. Вие не сте невини, никогаш не сте биле. Мажите се раѓаат сексуално искусни.

25. Ако девојката ви раскине затоа што сте спиеле со друга, нема право на драма. Таа е таа која ја завршила врската, не вие.

26. За сè е крив ПМС-от.

Момци, без навреда, не сте сите такви. Девојки, си го пронајдовте момчето/сопругот?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Смешна фото-компилација: Подароци што можете да ги добиете само од баба Ранец со слика од Исус, конзерви туна за Божиќ – кој е најлудиот подарок што сте...
12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg