Работи кои ги прават само Балканците: Кога си одите од гости застанувате на вратата и зборувате барем уште еден час

Дали некогаш сте се запрашале што нас Балканците нè прави поразлични од другите? Или можеби веќе знаете? Кои карактеристики нè прават поразлични од Германците, Кинезите или Американците?

raboti-koi-gi-pravat-samo-balkancite-koga-si-odite-od-gosti-zastanuvate-i-zboruvate-barem-ushte-eden-cas-01.jpg

Балканците имаат неколку карактеристики кои ги прават поразлични од другите народи, а сигурно и вие ќе се пронајдете во повеќето:

1. Моравте да делите соба со братот или сестрата сè додека не наполнивте 27 години.

2. Сè што јадете мора да биде зачинето со кромид и лук.

3. На аеродром обично имате најмногу куфери.

4. На забавите обично касните најмалку 1 час и мислите дека тоа е сосема нормално.

5. Сите деца во семејството имаат прекари кои воопшто не се слични со нивните вистински имиња.

6. Кога си одите од гости застанувате на вратата и зборувате барем уште еден час.

7. Мајка ви секогаш ви вели дека сте премногу слаби иако имате барем 10 килограми повеќе од нормалното.

8. Домот ви е преполн со лекови на кои рокот на траење одамна им истекол.

9. Не знаете да ја употребувате машината за садови.

10. Ве избркале од некој ресторан затоа што сте биле премногу гласни.

11. Имате стара искината крпа во кујната и неа најмногу ја употребувате.

12. Кесите од продавница ги употребувате како кеси за отпадоци.

13. Вашиот татко барем еднаш има заклaно јагне во дворот.

14. Никогаш не се придржувате до рецептот кога готвите.

15. Кога зборувате со родителите, секогаш викаат иако знаат дека сосема добро ги слушате.

16. Ако повеќе не живеете со родителите, сепак се јавуваат да ве прашаат дали сте јаделе.

17. Сосема нормално е на свадбата да имате најмалку 300 - 350 гости, некои дури и првпат во живот што ги гледате.

18. Вашата сестра која има само 15 години може да испие многу повеќе од било кој Американец.

19. Имате модерни кујнски апарати, ама вашата мајка сè уште ја употребува рерната на дрво во вашиот подрум.

20. Имате подобар автомобил од вашите родители, иако е на нивен терет.

21. Вашите родители заминале еднаш на одмор и тоа без да излезат од граница.

22. Верувате дека вашата иднина е запишана во шолјата за кафе.

23. Алкохолот го криете по куфери, во пластични шишиња, под тони облека.

Се пронајдовте некаде?

Би можело да ве интересира:

„Девојките без филери и вештачки нокти ќе бидат ендемски вид“ и уште 16 кул твитови Госпоѓо, казната за навреда на службено лице е 50 евра. Пиши ми 150 евра, уште н...
10 фотографии кои ќе ве натераат да се посомневате во сопствените очи (и да погледнете двапати) На прв поглед, ќе ви личи како очите да ве лажат... Погледнете ги двапати фоткит...
10 забавни мемиња кои докажуваат дека сите татковци се исти Вклучените светилки во празна соба значат финансиска пропаст за семејството... Б...
11 малку мрачни шеги, кои не се за сечиј вкус Копав во нашата градина и најдов ковчег со злато и сакав да истрчам да ѝ кажам н...
Смешни (и тажни) дизајни на играчки - Дали би ги купиле? (фото) Некои играчки се направени според толку ужасен дизајн при што финалниот производ...
Смешна фото-компликација: Кога чистењето на домот не ви оди по план Замислете да поминете часови во чистење базен, за на крај внатре да ви падне сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg