Иронично писмо: Драг шефе, имам нешто да ти кажам...

За сите оние кои секојдневно водат војни со класичните директори и шефови кои секогаш се во право и нивниот збор е последен.

ironicno-pismo-drag-sefe-imam-nesto-da-ti-kazam-01.jpg

Драг шефе,

Никогаш немој да ми даваш работни задачи на почетокот или во средината на работното време. Прави го тоа во 16 часот. Обожавам да работам прекувремено и под притисок!

Ако нешто треба итно да направам, те молам прашувај ме на секои 10 минути како ми оди и до каде сум. Тоа многу ми помага. Или уште подобро, застани ми зад грб и поправај ми ја секоја погрешена буква.

Ако имам полни раце документи, кутии и книги, ни случајно не ми отворај врата. Морам да научам сам да се снаоѓам!

Ако ми дадеш неколку задачи одеднаш, никогаш не ми кажувај која е приоритетна. Така ќе можам да вежбам телепатски способности.

Дај сè од себе да останам во канцеларија што подолго. Обожавам да си седам во неа, и онака немам каде да се вратам. Всушност, речиси и да немам свој живот.

Ако си задоволен од мојата работа, задржи го тоа а себе. Ако веста случајно се прошири, постои можност за напредок. Освен тоа, никогаш нема да се трудам повеќе ако знам дека си задоволен.

Ако не си задоволен пак од мојата работа, раскажи им го тоа на сите. Обожавам кога моето име се користи во секој разговор. Но, немој мене тоа да ми го кажеш директно, може да ме навредиш.

Ако за некоја задача ми се потребни посебни насоки, не ги пишувај и не ми ги кажувај. Барем сè до моментот кога задачата нема да биде завршена. Зошто би ме замарал со такви глупости?

Никогаш не ме запознавај со луѓето со кои си. Остави ги да мислат дека сум само уште еден досаден паразит.

Кон мене биди љубезен исклучиво ако правам работа од која зависи и твојата глава.

Слободно зборувај ми за твоите големи проблеми. Никој друг ги нема и добро е да знам дека секогаш си во право. Посебно уживам во приказните за тоа колку данок треба да платиш за секој вработен и тоа само затоа што си голем, сериозен и чесен шеф.

Почекај барем до последниот месец во годината пред да ми кажеш кои биле моите задачи и цели за годината која изминала.

На крајот од краиштата, јас не сум тука за пари. ЈАС СУМ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ!

ironicno-pismo-drag-sefe-imam-nesto-da-ti-kazam-02.jpg

Би можело да ве интересира:

„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Смешна фото-компилација: Неуспешни обиди за градинарство Лимон голем колку зрно грашок, морков кој личи на стапче – смешни фотки од неусп...
14 мини злосторства кои поминале неказнето заради шармот на виновниците 10 минути тишина во домот, одите во другата просторија, ви се крева коса од глет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg