Почнете ја работната недела со насмевка

Почнете ја работната недела со насмевка и позитивно расположение. Насмејте се гласно, споделете со колегите и наполнете се со енергија која ќе ви трае цела недела. Нема ништо подобро од денот започнат со добар виц кој ќе ве насмее и расони.

pocnete-ja-rabotnata-nedela-so-nasmevka-01

Млада или стара?

- Сакаш млада жена од град или стара од село?
- Млада од град.
- Сигурен си?
- Да бе, што ќе ми е селанка?
- А ти знаеш дека млада од град е 30 год, а стара од село 22?

Вработување

Отишол некој во Агенцијата за вработување и им вели:
- Добар ден, имате некоја работа за мене?
- Секако
- А каква е таа работа?
- Одлична, имате своја канцеларија, секретарка и личен шофер, а платата ви е 2000 евра, плус бонуси.
- Вие ме заебавате мене?
- Па ти прв почна.

Брза диета

Една жена се расправа со една девојка:
- Девојко, зашто го удри син ми?
- Епа ми вика дека сум дебела.
- А ти што мислиш, дека ако го удриш ќе ослабиш?

Другарство

Зборуваат двајца другари:
- А бе брат, што мислиш дали уште жали бившата по мене?
- Да бе брат уште жали по тебе, синоќа се видовме... црни гаќи носеше!

Два момента

Оди русокоса во сендвичара:
- Добар ден, што имате за јадење?
Продавачот:
- Само момент.
Русокосата:
- Епа дајте ми 2 моменти ве молам...

Фиксен телефон

Другар ми, ми се јавува на домашен:
- Брат дома си?
- Не брат, го шетам фиксниот низ град.

Согласка

На час по Македонски:
- Ајде Зоки кажи една согласка ?
- Марија!
- Како Марија?
- Така професорке, Марија секогаш се согласува на сè!

Дедо

Две русокоси разгледуваат фотографии:
- Ова е дедо ми на 11 години.
- Ауу, не знаев дека човек може да стане дедо на 11 години. 

Македонец во Амстердам

Македонец во Амстердам седи пред излог во кој има проститутка, чука неколку пати на стаклото и ја прашува:
- Колку чини?
- 50 евра.
- Уууу, па не е скапо бе, вакви дупли стакла кај нас под 200 евра не можеш да ги најдеш.

Копани

Оди пензионер во продавница да купи копани и продавачот му вика:
- Сакаш француски или словенечки?
А пензионеров му враќа:
- А бре аман, што има врска не ќе правам муабет со нив!

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
14 мини злосторства кои поминале неказнето заради шармот на виновниците 10 минути тишина во домот, одите во другата просторија, ви се крева коса од глет...
„Девојките без филери и вештачки нокти ќе бидат ендемски вид“ и уште 16 кул твитови Госпоѓо, казната за навреда на службено лице е 50 евра. Пиши ми 150 евра, уште н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg