Петок е! Насмејте се гласно!
Крај на работните обврски. Ослободете се, опуштете се и насмејте се гласно! Почнете го викендот со позитивно расположение и забавувајте се.
1. Учителката го прашува Петре: „Што е тоа – оди низ шума не шушка, оди низ вода не клокоти?“ Се мислел, се мислел Петре, па по некое време одговорил: „Па тоа е гатанка, учителке.“
2. Одат тројца полицајци по улица и разговараат. Едниот вели: „Луѓе, слушнав дека во ноември температурата ќе биде 40 степени!“ Другиот вели: „Како да не, јас слушнав дека ќе паѓа снег.“ Третиот размислува и вели: „По ѓаволите, кој ќе чисти снег на 40 степени!“
3. Зошто русокоса истура чили врз себе? - Се прави лута.
4. Зошто Трпе ја гледа снимката од свадбата наназад? – Бидејќи музиката му ги враќа парите, а Трпана се враќа кај родителите.
5. Доаѓа жената дома и му вели на мажот: „Драги, јас стигнав, ти купив пиво, нели вечер има фудбал на телевизија? А за вечера што сакаш да ти подготвам?“ Мажот одговара: „Колку силно ја удри?“ Жената: „Па...не, само малку браникот, левото светло и ретровизорот.“
6. Влегува маж во теретана и го прашува тренерот: „На која справа треба да вежбам за да ги привлечам жените?“ Тренерот му одговара: „На банкомат, тој е тука пред теретанава.“