Виц на денот: Мујо против најсовремениот компјутер на светот
Научниците измислиле најпаметен компјутер на светот – ги знае одговорите на сите прашања.
На тестирањето довеле еден американец, еден французин и Мујо, па им рекле секој да постави по едно прашање, за да видат дека компјутерот ги знае сите одговори.
Прв поставил прашање американецот:
- Колку тони бетон е вградено во Статуата на слободата во Њу Јорк?
Засветкале сијалиците и на компјутерот се појавил одговорот.
- Види, точен одговор!
Следен прашање поставил французинот:
- Колку штрафови се вградени во Ајфеловата кула во Париз?
Повторно се запалиле сијаличките и се појавил одговорот. Погледнал французинот и рекол:
- Види, точен одговор!
Дошол Мујо на ред. Седнал тој пред компјутерот и операторот му рекол:
- Постави некое прашање.
Го гледа Мујо компјутерот и се чуди.
- Незнам што би го прашал!
Операторот му вели:
- Прашај го било што.
Повторно Мујо го гледа компјутерот и не прашува ништо. Тогаш операторот му рекол:
- Слушај, одам јас да се напијам кафе, а ти смисли прашање.
Се враќа операторот после половина час и го гледа компјутерот, на него се запалиле сите сијалици, трепкаат, а од него летаат листови хартија. Притрчал операторот, го погледнал Мујо, па го прашал:
- Што го праша?
Ништо – одговорил Мујо – само му реков: Што има брат?