Дневна доза хумор: Насмејте се гласно!
Насмејте се гласно! Направете си го денот и продолжете си го животот. Вицови кои можете да им ги прераскажувате на вашите пријатели и сите да се забавувате. Раскажете ни и некој ваш виц.
Тапети
Одлучил Трпе да ги смени тапетите во својот стан и му текнало дека Столе, кој живее над неговиот стан лани ги менувал тапетите, па отишол да го праша за совет.
- Столе, нели ти лани ги менуваше тапетите?
- Да бе, Трпе.
- И колку ролни тапети купи ?
- Дваесет.
- Добро, тогаш да одам и јас да купам.
Отишол Трпе, купил 20 ролни тапети и почнал да ги лепи. Го излепил целиот стан и му останале 8 ролни. Се збунил и отишол пак кај Столе да го праша.
- А бе, Столе, нели ти си купил 20 ролни тапети?
- Да бе, Трпе.
- Нели становите ни се иста големина?
- Да.
- Е па, и јас купив 20 ролни тапети, ама ми останаа 8.
- Па и мене.
Смрт
Еден ден дошла смртта на врата кај Трпе.
- Трпееее, дојдов по твојата душа.
- Трпано, душо, те бара некој човек во црно.
Четка за заби
Трпе ја прашува Трпана:
- Трпано, како ти не се нервираш кога ќе ти се развикам.
- Па, така, одам во ве-це и чистам.
- И како ти помага тоа?
- Па така, ја користам твојата четка за заби.