Виц: Автомеханичар кај Свети Петар
Пред портата на Свети Петар стои еден многу лут човек и вика:
- Што се случува овде? Што е ова!? Што правам јас тука? Имам 35 години, не пушам, не пијам, синоќа рано си легнав и сега сум тука! Сигурно е некаква гршека! Ве молам да проверите!
- До сега не ни се случило да згрешиме! Одговорил Свети Петар, но ќе проверам. Како се викате?
- Перо Петровски!
- Со што се занимавате?
- Јас сум автомеханичар.
- Ах, да, еве, ве најдов. Перо Петровски, автомеханичар. Е па, господине Петровски, според нашите податоци вие сте умреле од старост.
- Од старост? Не е можно! Па имам само 35 години!
- Па незнам. Ги собравме сите часови поминати на работа кои сте им ги засметале за мушериите и така излегува дека имате 123 години.