Виц: Новата секретарка на Трпе
Доаѓа Трпе од работа еден ден целиот насмеан, од уво до уво. Доаѓа до Трпана во кујната и ја започнува приказната:
- Леле Трпано, што сум добил нова секретарка, само да ја видиш. Носи сукња малку поратка од твојата, мал детал, но колку многу значи, немаш поим!
Трпана го гледа, одмавнува со раката и му вели:
- Ајде Трпе не зборувај глупости.
Вториот ден се враќа Трпе од работа и уште од врата ја продолжува вчерашната приказна:
- Леле Трпано да ја видеше денес новата секретарка.... Црна маица, припиена, а деколтето.... малку подлабоко од твоето, но тоа многу значи!
На Трпана веќе и е преку глава од приказните од Трпе за секретарката, па третиот ден го пречекува на врата кога се враќа од работа и пред Трпе да каже збор, Трпана му вели:
- Трпе, го знеш соседот Перо? Е па, кај него „алатот“ е малку поголем од твојот, мал детал, ама многу значи...