Виц: Како на стари години се останува во форма?
Дошол старец кај доктор на преглед. Докторот, по прегледот му вели: „Во одлична форма сте. Како успевате да имате одличен крвен притисок и да бидете во одлична форма, а имате 80 години?”
Старецот му одговара: „Лесно... Станувам рано, пред зора... Ловам пауни по цел ден и тоа ме држи во форма.“
Докторот: „Ловите пауни? Не... Тоа не е причина за вашето одлично здравје. Мора да е наследно. Колку години имал вашиот татко кога починал?“
Старецот зачудено му одговара: „Кој каже дека татко ми е мртов?“
Докторот: „Сакате да ми кажете дека татко ви е жив? Колку години има?“
Старецот: „Па, има 99 години. Баш утрово беше со мене на лов. Тоа и него го држи во форма.“
Докторот: „Аха, разбирам... Сепак, тоа не е причина. Колку години имал вашиот дедо тогаш кога починал?“
Старецот, налутен: „Кој рече дека е мртов? Дедо ми има 118 години!“
Докторот фрустриран на тоа кажува: „И претпоставувам дека и тој со вас дошол на лов на пауни?“
Старецот: „Не, не... Тој утрово не можеше да дојде со нас во лов бидејќи се подготвува за свадба.“
Докторот: „Зошто сега сака да се ожени? На 118 години?“
Старецот: „Не, тој не сака баш, ама родителите му вршат страшен притисок...“