Колку љубов има во вашиот брак?
Група на омажени жени биле на семинар со тема: “Колку љубов има во вашиот брак?”
Оние кои го држеле семинарот, ги запрашале:
- Колку од вас вистински го сакаат својот маж? Сите жени дигнале рака.
- Кога последен пат му рековте на вашиот маж дека го сакате? Некои одговориле денес, некои пред неколку дена, а некои одговориле дека не можат да се сетат.
Тогаш на сите жени им рекле да испратат кратка искрена порака на своите мажи. Содржината да биде само „Te сакам мил мој” и стрпливо да ги чекаат одговорите.
Се прашувате какви одговори добиле?
1. Кој е тоа?
2. Ооо, мајко на моите деца, да не си болна?
3. И јас тебе. (само еден единствен)
4. Што е сега? Пак го удри автомобилот?
5. Не разбирам? Што значи ова?
6. Што направи сега? Овој пат не ти простувам!
7. !!!???
8. Не глуми лудило, кажи ми колку ти треба?
9. Да не сонувам?
10. Ако не ми кажеш за кого е оваа порака, некој ќе биде мртов!
11. Убаво те замолив да не ми пишуваш пораки. Ако продолжиш, дефинитивно те оставам...