Виц на денот: Последна желба
Му вели некој човек на Господ:
- Цел живот бев праведен и не грешев, па дозволи ми малку да уживам пред смртта. Отсекогаш сум сакал да одам на Хаваи, ама многу ми е страв да летам со авион, а на брод добивам морска болест. Може ли да ми направиш мост до Хаваи и таму да отидам со автомобил?
Господ му одговорил:
- Тоа навистина нема смисла, каде би биле потпорните столбови, морето е немирно, да возиш дотаму би било опасно. Навистина, тоа што го бараш е многу тешко и технички неизводливо. Можам ли да ти исполнам некоја друга желба?
- Добро, вели човекот. Би сакал да ги разберам жените, зошто зборуваат едно, а мислат друго. Зошто плачат. Зошто не нè' разбираат. Зошто не можат да бидат отворени и искрени. Зошто не гледаат некои работи или погрешно ги толкуваат. Тоа сакам. Да ги разберам жените!
Господ на тоа му одговорил:
- Сакаш мостот со две или со четири ленти?