Дневна доза вицови
Мажите кажуваат: „Жени, не се возбудувајте ако трчаме по вас.. Трчаме и по топката, па на крајот сепак ја шутираме.“
Женски одговор: „Мажи, не се возбудувајте ако ви кажеме дека сме заљубени во вас. Се заљубуваме и во еден пар чевли, но си купуваме уште 15, за секој случај.“
-
Која е разликата помеѓу комарецот и мажот?
Комарецот нервира само преку лето.
Мујо му раскажува на Хасо:
- Во Франкфурт има еден ресторан, јадеш и пиеш бесплатно, а за секс добиваш 100 евра.
- Кој ти кажа?
- Мојата Фата.
-
На Јадранско Море се дави Англичанец и моли:
- Help! Help!
На обалата седи еден човек и му довикува?
- Ете, подобро да научеше да пливаш, отколку да зборуваш англиски!
Добил Хасо близнаци, ги носи дома, а комшијата го прашува:
- Двојајчани или еднојајчани?
- Овој е двојајчан, а ова е девојче, одговара Хасо.