Виц: Што прави свињата?

Некој човек решил да ја однесе својата свиња на парење, но бидејќи сопственикот на машката свиња живеел на другиот крај од селото, морал да ја стави во количка и да ја однесе до таму.

svinja-koja-ni-pie-voda-ni-pase-treva-01

Ја носи свињата со количка, а другиот му дава пари, по договорот. Почнува да му објаснува да внимава што ќе прави свињата утредента. Ако пасе трева, тогаш работата е завршена, а ако пие вода тогаш ќе мора повторно да ја донесе.

Утрото човекот погледнува, а свињата пие вода.

Ја става пак во количка, ја носи и повторно зима пари колку што се договориле. Свињата завршува работа и повторно ја враќа дома.

Следното утро свињата пак пие вода.

Човекот, немајќи избор, пак ја качува во количка и ја носи повторно и зима пари како што се договориле.

Утредента изнервиран човекот и вика на својата жена:

- Е, ајде види што прави свињата. Ако пак пие вода, ќе ја заколам!

Жената погледнува низ прозор:

- Не пие.

- А јаде ли трева?! – среќно вика човекот.

- Не јаде.

- Па што прави тогаш?!

- Ништо, си седи во количката и чека...

Би можело да ве интересира:

„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете) Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти. Четири...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...
12 фото-докази дека некои луѓе не треба да влегуваат во кујна Некој заборавил дека вари јајца, а некој заспал со вклучена рерна – некои луѓе д...
Најсмешните мемиња за отворањето на Олимписките игри во Париз Шеги за стаорците во Париз, филмовите со дејство во Париз, но и историјата на Фр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg