Типови на Фејсбук зависници
Минатата недела пишувавме за типови на пријатели на Фејсбук кои „го тупат“. Во продолжение пријателите кои можат едноставно да се опишат со еден збор:
- Демнач – ниту коментира, ниту постира, ниту стиска „лајк“ - ама сè чита и следи
- Глуперда – ништо паметно не кажува и на сè коментира со “хахаха” и “хехе, јако” или евентуално јаки4ко
- Популарен во наводници – има 4.567 пријатели и 1000 сабскрајбери
- Гејмер безработник – игра по цел ден Mafia Wars, Cittyvile, Farmville…
- Побожен – на секој пост и на секој коментар мора да го спомне Бог
- Неинвентивен крадец – Краде статуси, постови, слики...
- Скриен колекционер – ништо не постира, туку лајкува рандом групи, настани, страни и тук там се појавува онлајн на чет
- Промотер – секогаш праќа покани за настани и групи и на крај ги игнорирате
- Лајкувач – лајкнува сè – и што треба и што не треба. Буквално сè!
- Хејтер - секој пост е поздрав до некого што го мрази
- Потаен комичар – се обидува да биде смешен, ама џабе му е…
- Утрински весник – првиот кој пишува ”Добро утро”.
Слободно дополнете во коментарите доколку сметате дека пропуштивме некој :)